Северина и Игор трошат вистинско богатство за свадбата која ќе се случи на 22.ноември во еден белградски хотел. Тие само со цветните аранжмани искеширале дури 20.000 евра, дознава српски Курир
Тие за салата во декорацијата и столовите го ангажираа познатиот декоратер Ѓорѓе Ѓукановиќ, кој ќе направи аранжамни од црни кали, орхидеи, анемони и диви зумбули. Ѓукановиќ две години по ред е добитник на наградата за најдобар дизајнер на цвеќе. Има неколку бутици во Белград и Париз.
На свадбата ќе пејат Тања Савиќ и Ана Бекута, Саша Матиќ и Министерке. На свадбата ќе присуствува и хрватската пејачка Дорис Драговиќ.
Северина и Игор се грижеле за секој детал, така да нивните гости ќе бидат сместени во хотелот, па парот закупил два спрата од хотелот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.