| четврток, 6 декември 2018 |

Шведска ја исфрла готовината од промет, ќе се плаќа само со картички

Шведска е на добар пат да стане прва земја во светот која од оптек ќе ја исфрли готовината. Пет од шесте најголеми банки во Шведска веќе одбиваат да тргуваат со готовина, а проценките покажуваат дека во оптек во Шведска се наоѓаат околу 80 милијарди круни, што е драстичен пад во однос на периодот пред шест години кога беа 106 милјарди.

Луѓето во Шведска се навикнаа да користат картички за плаќање и на најмали сметки, што најдобро се гледа по податокот дека четири од пет плаќања се вршат со картички.

-Одиме кон свет на безготовинско тргување. Вака е многу побезбедно и поштедливо, бидејќи ракувањето и транспортот на пари не чини многу – објаснува Бенгт Нилервал од шведската Федерација за трговија во интервју за „Гардијан“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top