| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска ќе ги брише долговите на граѓаните

загребХрватската Влада подготви предлог-закон со кој ќе се овозможи отпис на каматите на долговите на граѓаните.

Со законот ќе бидат опфатени 616.000 физички лица кои според податоците на 1 јануари годинава на државата и должеле околу 13 милијарди куни (1,71 милијарда евра). Од оваа сума дури 5,7 милијарда куни (околу 752 милиони евра) оптаѓаат на камати од кои со овој закон државата ќе се откаже.

Околу 9,2 милијарди куни (1,21 милијарда евра) или 72 отсто од вкупниот долг отпаѓа на 17 отсто од вкупниот број должници.

Со предложениот закон се предвидува на должниците да им се овозможи главницата да ја отплаќаат на рати и тоа до најмногу 60 месеци во зависност од висината на долгот со камата од 4,5 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top