| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов им го честиташе празникот на Ромите

Ѓорге Иванов, претседателот на Република Македонија им го честиташе Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април, и по тој повод упати честитка до припадниците на ромската заедница во Македонија.

ivanov-gjorgje

„Ми претставува особенa чест и големо задоволство на сите припадници на ромската заедница во Република Македонија, да им го честитам 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. 8 Април е ден кој со гордост го прославува најголемoто етничко малцинство во Европа и кој е убава можност да се афирмира историјата и културата на Ромите, но и да се проговори за актуелните предизвици со кои се соочуваат. Република Македонија се гордее со припадниците на ромската заедница кои се нераскинлив дел од македонското општество и со степенот на права кои ги уживаат како пример за целиот свет. Имено, во нашата земја Ромите имаат можност да се образуваат на својот мајчин јазик, да ја развиваат својата култура и традиции, да гласаат за своите партии и кандидати, и да бидат претставени во сите институции на државата“ се вели во честитката на Иванов до припадните на ромсата заедница во Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top