| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва свечено отворање на Саемот на книга

“Подари книга, подари богатство” претставува кампања за кревање на свесноста на широката јавност дека книгата може да е подарок за секој повод. Книгата е подарок кој облагородува, а од големата ризница на печатени изданија можете да најдете за секого соодветен наслов, уште повеќе за секој повод: роденден, матурска прослава, корпоративен настан, нов почеток и слично, односно, подарок може да бидат бајки, романи, деловни совети, речници, енциклопедии итн. Скопски саем и Министерството за култура на Република Македонија со оваа кампања ги охрабуваат сите оние кои имаат неков повод за дарување, тоа да биде токму нејзиното Височество – Книгата. Министерството за култура на Република Македонија оваа година даде поддршка на кампањата за акцијата “Подари книга, подари богатство” на конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2013 година.

Почеток на оваа кампањa која треба да има подолготраен ефект, сепак својот симболичен почеток ќе го има токму на една од најзначајните културни манифестации, која обезбедува најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста. 25-то јубилејно издание на Саемот на Книгата ќе се одржи од 9 до 15 април во Метрополис Aрена. Ова издание на Саемот на книгата на едно место ќе ги собере најголемите домашни издавачи, како и издавачите од регионот: Србија, Албанија, Италија и Шведска.

Вообичаено богатата понуда на издавачката продукција овозможува силна конкуренција за избор на најдобро издание меѓу двата саема, избор на најпродавана книга на Саемот, како и наградата за најдобар книжар на годината во Македонија кои се доделуваат од страна на Здржението на издавачи и книжари на Република Македонија.

Читателите во рамките на саемот, ќе може да ги следат промоциите на најновите изданија и на нивните автори на голем број домашни и странски издавачки куќи, како и доделувањето на повеќе награди.

Во петок на 12.04.2013 со почеток во 11:00, во организација на Министерството за култура на Република Македонија и Делегација на ЕУ ќе се одржи презентација на Култура програма – проекти за литературни преводи, каде официјални говорници ќе бидат: д-р Елизабета Канческа – Милевска – министер за култура на Република Македонија и Н.Е. Аиво Орав, шеф на Делегацијата на ЕУ.

Свечено отворање на саемот е вечерва во 19.00 часот во фоајето на Управната зграда на Скопски саем. Работното време на Саемот на книгата е од 10:00-20:00. Цена на влезниците за Саемот на книгата за посетители е 30 денари, а за организирани групни посети, 20 денари. Очекувана посета: 40.000

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top