Многу нешта се смениле во животите на луѓето за само20,50,200 години. Имаме впечаток дека ниту едно научно достигнување веќе не може да не изненади. Но што навистина ни носи иднината? Како ќе изгледа светот за илјада години? И многу поважно – како ќе изгледаат луѓето?
АСАПСајнс, друштвото кое се занимава со откривање на тајните на науката, објави видео во кое се решени голем број на прашања. Или барем се добива таков впечаток бидејќи голем број на одговори се вознемирувачки, но и неверојатно убедливи.
Во видеото се вели дека луѓето за еден милениум ќе имаат значително поинакво облик на лицето, боја на кожата и очите бидејќи ќе се прилагодуваме на промените настанати како последица од глобалното загревање.
Бројни се и мислењата на темата колку психички ќе еволуираме.
Видеото сугерира дека наскоро ќе имаме наноботи вградени во нашето тело, кој ќе бидат како еден вид Епл часовник кој никогаш не го вадите. Исто така се наведува и дека обликот на нашето лице ќе се смени, па од ова…
…за неколку илјада години ќе стигнеме до ваков изглед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.