| четврток, 6 декември 2018 |

Средношколски маки: Рита Ора го напуштила колеџот и неколку години не зборувала со родителите (фото)

Рита Ора денес е една од најпопуларните поп ѕвезди, член е на жирито на „Х Фактор“ во Велика Британија, а гради и актерска кариера.

naslovna rita

Денес позната русокоса, во времето на училишни денови била бринета. Препознатливите кадрици Рита ги заменила со рамна коса, а ретко кој може да ја замисли во поинакво издание.

Фотографијата на пејачката од училишните денови протече во јавноста на задоволство на голем број на фанови. Во школска униформа, со насмевка на лицето, Рита тогаш зрачеше со убавина и природност.

твитер

Меѓутоа иако многумина не верувале, пред се таткото на Рита, таа уште во времето на училишните денови  знаела дека ќе се занимава со пеење, поради што се откажала од понатамошно школување. Татко и дал година дена да се обиде да успее во нејзината намера. Во спротивно требало да се врати на колеџ. Поради тоа, како што изјавила пејачката, неколку години не зборувала со родителите. Сепак, сите недоразбирања на крајот биле решени.

На Рита и било пишано дека ќе стане светска ѕвезда. Името го добила по актерката Рита Хејворт, која била  идол на дедото на пејачката.

676182_ritaora-profimedia0261026262_ff

3021622390_1_3_cEAZD3SY

3021622390_1_5_EHE72ikV

rita-ora-0082-family-600-avip

then-and-now

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top