Станот на третиот кат од зградата што се наоѓа до куќата на композиторот Георг Фридрих Хендл во 1968 година стана дом на Џими Хендрикс, а тоа беше времето на објавувањето на неговиот албум „Electric Ladyland“.
Станот до сега се користеше како работен простор на организацијата „Handel House Trust“ во чија сопственост се наоѓаат двата станбени објекта, а неодмана во него се спроведе реставрација вредна 2.4 милиона фунти, благодарение на која станот ќе биде претворен во музеј. Посетителите ќе можат да ја видат обновената верзија на дневната соба на музичарот од 60-тите години, да дознаат нешто повеќе за неговите пријатели и да ги видат новите, досега необјавени фотографии. Изложбата ќе биде отворена на 10 февруари 2016 година, а билетите за изложбата на Хендикс и Хендл ќе бидат пуштени во продажба на 2 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



