Карфиолот е зеленчук богат со здрави хранливи состојки и антиоксиданси. Тој не содржи масти и можете да го јадете во кој било период од денот, па дури и кога сте на диета. Единствено што треба да внимавате е да не го преварувате, бидејќи така ќе ја изгуби својата хранлива вредност.
Овој вкусен зеленчук е богат со витамин Ц и магнезиум, кои се сметаат за одлични антиоксиданти, неопходни за нашето целокупно здравје. Една шолја карфиол содржи 54.93 мг. витамин Ц. Препорачлива доза на витамин Ц што треба дневно да се консумира е 75 мг. за жени и 90 мг. за мажи, што значи дека со 2 шолји карфиол на ден ќе ја задоволите потребата на телото ов витамин Ц.
Други состојки кои ги содржи карфиолот и важат за антиоксиданти се: бета-каротенот, бета-киптоксантинот, ферулната киселина, рутинот, цинаминската киселина и многу други. Сите овие состојки го заштитуваат телото од слободни радикали и го намалуваат ризикот од заболувања предизвикани од оксидативен стрес. Тие исто така го успоруваат процесот на стареење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


