Се сеќавате ли на морбидното семејство Адамс од истоимениот филм снимен во 1991 година? Многумина од таа актерска екипа не се појавиле на малите екрани и повеќе од 15 години, а тоа како тие години направиле промени на нивните лица ќе ве шокира.
Некои можеби нема да ги препознаете, но еве како денес изгледаат.
Гомез Адам е главата на ова невообичаено семејство. Тој пред се сака да прави акробации со ножеви и да и се воодушевува на неговата сопруга Мортиша. Пари има благодарение на продажбата на земја на која нафта тече во реки.
Него го глумеше Раул Хулио кој починал во 1994 година.
Мортиша Гомез е далеку од класична домаќинка. Никогаш не готви, но често плете џемпери за роднините со 3 раце, а сака да одгледува и отровни растенија.
Мортиша ја глумеше Анѓелика Хјустон која по овој филм продолжи да се појавува во филмови и серии, а нејзиниот нов филм ќе се појави кон крајот на оваа година.
Среда е ќерката која е фасцинирана со Бермудскиот триаголник, сака се што е морбидно, се игра со обезглавената кукла и чува отровни пајаци како домашни миленици.
Кристина Ричи оствари запазен успех во актерскиот свет. Во 1999 година беше номинирала за Златен глобус.
Пагзли Адамс е иновативниот син кој прави најчудни играчки, а ужива додека со татко му крева возови во воздух.
Џим Воркмен по „Семејството Адамс“ се најде во неколку помали улоги, но на крајот го најде своето место зад камерите, работејќи технички работи.
Се сеќавате на одамна загубениот брат на Гомез, Фестер Адамс кој емитуваше светлина држејќи сијалица во уста?
Вака денес изгледа Кристофер Лојд кој го толкуваше овој лик.
Иако нема лик, Рака беше еден од омилените членови на ова семејство.
Таа му припаѓа на Кристофер Харт кој своите раце ги користи за да направи неверојатни магионичарски трикови.
Нивниот батлер Ларч е 2.05 метри висока мешавина на Франкештајн и зомби.
Карел Струјкен по Адамси глумеше во „Ѕвездените патеки“.
Бабата кој е цинична и морбидна, а особено заинтересирана за окултното најмногу готвеше различни специјалитети во кои главната состојба беа очните јаболчници.
Бабата ја глумеше Карол Кејн која сега изгледа подобро од пред 20 години. Таа е номинирана за Оскар за улогата во филмот „Хестер Стрит“.
Се сеќавате ли на старлетата, русокосата Деби која се обиде да го заведе вујкото Фестер и да го смести под земјата како и сите претходни сопрузи?
Таа денес изгледа вака. По овој филм, имала запазени улоги и дури 4 номинации за Еми, а по петта номинација ја освои оваа престижна награда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура





















