| четврток, 6 декември 2018 |

Вилјаш Боаш ја „оживува“ кариерата на Фалкао?!

boas i falkao

Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао игра уште очајна сезона. Тој минатата сезона не успеа да се наметне кај менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис Ван Гал, кој како позајмен фудбалер од Монако настапуваше во црвениот дрес.
Холаѓанецот не се реши да го откупи договорот, па така, Фалкао замина во редовите на Челси на уште една позајмица.
Сепак, и таму не ги задоволи вкусовите на Жозе Мурињо, кој сѐ повеќе го држи на клупата за резервни фудбалери.
Најавите од таборот на „сините“ се дека Фалкао ќе биде вратен во Монако уште во зимскиот преоден рок. Тоа најмногу ги заинтересира челниците на Фиорентина, кои сакаат да го доведат во своите редови на позајмица до крајот од сезоната и дополнително да го засилат тимот во обид за што повисок пласман во лигата на Серија А.

Сепак, рускиот шампион Зенит на чија клупа седи Андре Вилјас-Боаш, поранешниот тренер на Фалкао од Порто, ќе испрати официјална понуда од 25 милиони евра за перменентен трансфер на Фалкао, сума што не е премногу висока, но, сепак, би требало да биде прифатена со оглед на фактот дека интересот за овој фудбалер е далеку помал отколку пред неколку години.
Богатите сопственици на Зенит сакаат дополнително да го засилат тимот во борбата за нова титула со лидерот ЦСКА Москва.
Тренерот на Зенит Вилјаш Боаш има работено со Фалкао во Порто и верува дека може да го извлече максимумот од овој, некогаш врвен напаѓач, кој по повредата на коленото никако не успева да се врати во посакуваниот ритам.

Доколку најавите за трансфер се реализираат, Португалецот повторно би ги имал на располагање заедно Хулк и Фалкао, кои вкупно постигнаа 74 гола во последната сезона на Колумбиецот во Порто, пред трансферот во Атлетико Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top