| четврток, 6 декември 2018 |

Училиште за орален секс се отвори во Белград

 орален

Веста дека во Белград почнало со работа првото училиште за орален секс, отпрвин се ширело дискретно во српската престолнина, од уста на усна. А кога информацијата за тоа ја објавил порталот nadlanu.com и веста веднаш ја пренесоа бројни медиуми во регионот, новинарите тргнале во потрага за детали поврзани за наставниот кадар, но и за градивото што се учи во тоа училиште.

– И самата сум изненадена од интересот, сите термини до 31 ноември се пополнети – вели за „Јутарњи лист“, Ники Престиж (36), жената што го основала училиштето за орален секс.

До Ники не било лесно да се дојде. Нејзин услов било да нема фотографирање и директен разговор, но со низа детали таа ја уверила новинарската екипа дека станува збор за автентична личност, токму онаа по која било трагано.

– Разберете, мене не ми треба никаков публицитет, сето ова го работам од љубов. Не ми ни требаат пари бидејќи мојот сопруг е успешен српски бизнисмен, има две фабрики кои одлично работат. Ме изненади кога дозна за мојата идеја за отворање за ова училиште, и искрено се воодушеви – додава мадам Престиж, која работи под ова уметничко име.

Ники Престиж изгледа одлично и никој не би ѝ дал повеќе од 28 години, иако има 36 години. Студирала психологија, а во младоста се занимавала со манекенство и била успешен модел и осум години работела за една од најголемите агенции во Милано.

– Пред Милано, како 22-годишна девојка, отидов во Истанбул каде што едно време живеев. Таму сфатив колку нашите жени се разликуваат од Турчинките кои прават сѐ за да го задоволат мажот. Од Турчинките научив многу тајни за оралниот секс, а подоцна своето знаење го усовршив престојувајќи во Милано, светската престолнина на модата – објаснува жената која часовите ги држи во изнајмен стан во центарот на Белград.

На почетокот им држела часови на своите пријателки и тоа групни. Обично имала по три студентки, но во последните денови, како што училиштето дошло на глас и интересот пораснал, Ники работи индивидуално со секоја жена која го посетува овој курс. Наставата трае три викенди, а останатите денови во неделата се резервирани за повторување на градивото и исправување на грешките.

– Моите ученички се девојки или жени од добро ситуирани семејства. Тоа не се тинејџерки, напротив. Најмладата ученичка имаше 24 години, а сега имам една од 67 -годишна. Станува збор за пензионирана професорка по географија. Нејзиниот ентузијазам ме воодушевувa. Сите тие се подготвени да ги научат тајните на оралниот секс бидејќи тоа е врвна вештина за која кај нас многу малку се знае – истакнува Ники Престиж.

За нејзините часови ученичките како нагледно средство користат дилдо, а Ники им објаснува како треба да ракуваат со таа справа со цел и на мажите и на жените да им биде убаво и да уживаат.

– Предзнаењето не е нужно. Секој може да дојде без никакво искуство, бидејќи сѐ што треба ќе го научи овде – додава основачката на ова необично училиште.

Ориенталниот стил на сексот кој Ники го донела од Истанбул, пред сѐ, значи жената целосно да му се потчини на мажот. На девојките и на жените на кои оралниот секс им изгледал како нешто одбивно, по часовите кај Ники се разувериле дека тоа е убаво искуство во кое може да уживаат.

Ники на социјалната мрежа Фејсбук има отворено својот профил на кој сите заинтересирани може да се пријават за нејзиниот курс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top