| четврток, 6 декември 2018 |

Во протестите на опозицијата во Подгорица повредени 40 лица

При растурање на демонстрациите беа повредени 15 полицајци и 24 демонстранти.

Најмалку 40 лица настрадаа доцна синоќа, при разбивањето на антивладините демонстрации во црногорскиот главен град Подгорица . Неколку десетици илјади луѓе , 30 000 според организаторите, се вклучија во протестот против деценискиот премиер Мило Ѓукановиќ на повик на опозицискиот Демократски фронт / ДФ /.

При растурање на демонстрациите беа повредени 15 полицајци и 24 демонстранти. Има и приведени, вклучувајќи и пратеници и дел од организаторите на протестот. Министерот за внатрешни работи Рашко Коњевиќ рече дека учесниците во протестот  ја нападнале полицијата и се обидуваат да ја освојат   зградата на парламентот. Тој призна дека е уапсен и Андрија Мандиќ, еден од лидерите на ДФ, кој ги организираше демонстрациите. Коњевиќ изјави дека има и други уапсени. Демонстрантите се обидоа да навлезат во зградата на парламентот и ги гаѓаа полицајците, кои им го блокираа патот , со петарди  шишиња.

Во одговор чувари на редот употребија солзавец и парализирачки гранати. Учесниците во демонстрациите беа принудени да се повлечат од регионот на парламентот во околните улици, каде кршеа прозорци и излози.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top