| четврток, 6 декември 2018 |

Сребрен медал за шахистките на Гамбит Асеко Сее

gambit

Шахистките на Гамбит Асеко Сее го освоија сребрениот медал на Европскиот клупски куп, натпреварување што е пандан на Лигата на шампионите.

Во последното коло тимот од Македонија со комплетен состав од странски шахистки ремизираше 2-2 со директниот конкурент за среброто Угра од Русија и го освои второто место. Сите 4 партии во дербито на последната рунда завршија со реми, што им беше доволно на шахистките на Гамбит да бидат сребрени зад новиот европски првак Нона од Грузија.

Шахистките од Грузија прокнижија 7 победи и со максимален учинок од 14 бода го освоија златниот медал во конкуренција на 12 екипи. Втор е Гамбит со 11 бода, а бронзата е за Угра со учинок од 10 бода.

Во машка конкуренција се уште се играат натпреварите од последното коло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top