Арпад Штербик се врати на голот на Вардар по два меча пауза и повторно покажа колку вреди за македонскиот првак, особено во тешките мечеви во Лигата на шампионите. Репрезентативецот на Шпанија нанижа 12 одбрани, а уште неколку пати ги принуди ракометарите на Кјелце да го промашат неговиот гол од чисти позиции.
„Јас мислев дека не може да има подобра атмосфера од таа на натпреварите на Вардар во старата сала на Кале, но ова е импресивно. Овие навивачи ги заслужуваат сите можни победи на светот. Повторно не бодреа на извонреден начин и тие имаат голем дел од заслугите за победата против Кјелце“, изјави Штербик.
Вардар го декласира полскиот првак со 34-24 и остана лидер на табелата во групата Б со 10 бода. Ова беше прв пораз на Кјелце во Скопје во четвртиот меч против двете наши екипи во ЛШ, Вардар или Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




