
Медиумите блиски и контролирани од СДСМ и Сорос, како Телма, Плусинфо, Либертас, како и останатите сателитски опозициски портали продолжуваат грубо да лажат во обидот да ја манипулираат јавноста, одработувајќи за стратегијата на СДСМ и Зоран Заев за фабрикување на лаги.
Премиерот Никола Груевски доцна синоќа оствари средба со претставници на дипломатскиот кор во земјава. На средбата била истакната посветеноста за реализирање на договорот од Пржино. Но опозициските медиуми и соросови портали се обидоа да ја извртат конструктивната изјава на италијанскиот амбасадор во земјава Ернесто Масимино Белели, дека имало наводен притисок кон премиерот Груевски и власта.
-Бевме тука да го изразиме нашиот став до Владата и нашите гледишта. Немам посебна изјава вечерва, само ја изразивме ургентноста да се најде решение. Ви благодарам, ќе информираме во иднина, во зависност од средбата на лидерите, гласеше конструктивната изјава на Белели.
Споменатите лажливи медиуми кои работат за лидерот на СДСМ, Зоран Заев пласираа дезинформации дека наводно имало притисок, шамарења,предупредувања од дипломатите кон Владата. Наспроти тоа на средбата била истакната заложба кон изнаоѓање на решенија за надминување на предизвиците во врска со имплементација на договорот.
-Премиерот Груевски ја истакна посветеноста кон договорот и реализирање на обврските суштински и принципиелно и неопходноста од еднаква посветеност на сите инволвирани страни, стои во соопштението испратено синоќа од владината прес-служба.
Лагите за шамарите пласирани од Телма, како и другите соросови портали се еднакви на лагите за посетата на Заев на Израел и лагите поврзани со првиот човек на ЕК, Жан Клод Јункер. Сдсмовските медиуми и портали доживуваат климакс, шират лаги кои се предмет на потсмев не само меѓу македонската јавност, туку и меѓу дипломатскиот кор.
-Медиумите на опозицијата вистински ги насмеале претставниците на дипломатскиот кор. Според информациите, дел од дипломатите се шегувале на сметка на медиумите на Заев кажувајќи вицеви за тоа што ќе биде „ексклузивната“ вест која тие ќе ја објават по вечерашната средба на премиерот Груевски со амбасадорите во Владата, пишува порталот Пресс 24.
Граѓаните на социјалните мрежи не можат да се изначудат на срамниот и недостоинствен однос на новинарите на СДСМ кои наместо кон вистината и народот се свртени кон лагите и понижувачките додворувања по секоја цена кога на странците најмалку им треба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


