| четврток, 6 декември 2018 |

Летал со балони десет километри преку Атлантски Океан

Јужноафриканецот Мат Силвер Валенс закачен на 160 балони успеал да прелета десетина километри над Атлантски Океан. Летот на Валенс траел еден час на просечна висина од околу 200 метри. Неговата цел била со авантурата да собере еден милион долари, колку што е потребно за изградба на педијатриска болница во Јоханесбург, но и во чест на Нелсон Мендела, кој на островот Робен поминал 18 години во заробеништво.

– Мојата главна цел не е да летам со помош на балон, туку да ги мотивирам луѓето низ светот да донираат пари за изградба на болници за деца, кои ќе го носат името на Мендела – вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top