И во третиот меч во низа во Серија А лигата, екипата на Милан не знае за победа. На денешното гостување во Торино успеа да извлече само бод иако беше подобар противник во текот на мечот, а и прв успеа да постигне гол за водство од 1-0.
Со новиот неуспех тренерското место на Синиша Михајловиќ е сериозно разнишано кој по дебаклот од Наполи во претходното коло на „Сан Сиро“ од 0-4 доби ултиматум од престседателот Силвио Берлускони.
„Росонерите“ имаа водство со погодокот на Карлос Бака во 63.минута од дуелот, меѓутоа Торино сепак успеа да стигне до еден бод, со голот на Даниеле Басели десет минути подоцна.
Со новиот бод Торино се наоѓа на петтата позиција на табелата со 14 бодови, додека Милан досега собра само 10 и се наоѓа на 11.место пред утрешните натпревари во Серија А лигата.
Torino vs AC Milan 1-1 All Goals and Highlights… by labinobala
Претходно во терминот од 18 часот, Рома беше супериорна над Емполи победувајќи го со 3-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



