По пауза од две години поради настапите во НБА лигата поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ успешно ја започна новата сезона во Евролигата со својот нов клуб Фенербахче.
Синоќа турскиот гигант во рамките од групата А го победи Баерн Минхен со 74-67 (10-20,20-19,22-20,22-8). Одличната игра во одбраната предводена од Перо Антиќ во последната четвртина одлучи победникот. Антиќ за околу 24 минути игра, запиша 7 поени, дополнети и со 6 скока и една асистенција. Бројките зад неговото име можеа да бидат поголеми доколку тој погодеше повеќе шутеви за тројка. Реализираше само една од пет обиди.
Баерн пред стартот на последниот период од играта имаше 7 поени предност. Но Турците заиграа одлично во последната четвртина водени од новите засилувања Луиџи Датоме и Костас Слиукас сосема заслужено стигнаа до триумфот.
Најефикасни кај Фенербахче беа токму Датоме со 15 поени, 13 поени постигна Слоукас а со 12 поени дуелот го заврши Диксон. Во поразениот тим на Баерн Минхен, најефикасни беа Ранфро и Џедовиќ со по 14 постигнати поени.
Европскиот шампион Реал Мадрид имаше лош старт на сезоната бидејќи потклекна на гостувањето на Химки и заслужено беше поразен со 84-70.
Богатиот и амбициозен клуб од Русија имаше огромни мотиви да го земе „кралскиот“ скалп и успеа во тоа. На полувреме домашниот тим имаше водство од 43-32, а успеа да го одржи и до самиот крај на средбата, за изненадувачки триумф.
Најефикасен во редовите на Химки беше Марко Тодоровиќ со 15 поени, а Швед беше стрелец на 13 кошеви. Кај Реал Мадрид, на високо ниво одигра единствено Серхио Љуљ кој уфрли 20 поени, но затоа потполно потфрли Серхио Родригез.
Резултати:
Локомотив Кубан – Панатенаикос 81-70, Фенербахче – Баерн Минхен 74-67, Химки – Реал Мадрид 84-70, Зјелона Гора – Жалгирис 62-66, Лимож – Анадолу Ефес 77-89, Олимпија Милано – Лаборал Куча 78-76
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Перо Антиќ се појави со ретко виден „ѕвер“ вреден 200 000 евра (фото)
-
Голем потег на Антиќ: Перо исполни сон на деветгодишно момче




