| четврток, 6 декември 2018 |

Украина и Русија во Советот за безбедност на ООН

UN Security CouncilГенералното собрание на ОН денеска ги избра Египет, Јапонија, Сенегал, Украина и Уругвај за пет нови непостојани членки на Советот за безбедност за периодот 2016-2017 година.

Се смета дека Украина овој избор и овозможува на дипломатски начин да се спротивстави на Русија, која е постојана членка на Советот.

Минатата недела шефот на украинската дипломатија Павло Климкин од Њујорк порача дека односите со Русија ќе бидат се само не помирувачки по руската анексија на Крим и, како се пренесува, „политичкото мешање во Донбас“.

-Изборот во Совет за безбедност за нас е значаен заради руската агресија која е во тек. За прв ат имаме единствена и незамислива ситуација, постојана членка да е агресор во Украина- оцени Климкин кој сепак нагласи дека во СБ Украина ќе се однесува според принципите на ООН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top