Шкотското обвинителство соопшти дека се идентификувани двајца нови Либијци, осомничени за терористичкиот напад врз американскиот авион што се урна над шкотското место Локерби во декември 1988 година.
Обвинителство верува дека овие Либијци дејствувале заедно со Абделбасет ал Меграхи, кој е единствениот што беше обвинет и осуден за бомбашкиот напад.
Меграхи, кој беше осуден на доживотна затворска казна, беше пуштен од затворот во Шкотска во август 2009 година, врз хуманитарна основа, затоа што беше болен од неизлечива болест. Тој почина во Триполи од рак во 2012 година.
И во текот на судењето што се одржа во една воена база во Холандија, со тројца шкотски судии, како и се до својата смрт, Меграхи тврдеше дека е невин и дека тој не учествувал во соборувањет она авионот.
Авионот „Боинг 747“ на тогаш најголемата американска компанија „Пан Америкен„ кој полета од Лондон на пат за Њујорк, се урна над шкотското место Локерби по експлозијата на бомба поставена во еден куфер.
Вкупно 270 лица – патници и членови на екипажот на авионот, како и жители на Локерби, загинаа во овој бомбашки напад.
Новите осомничени се разултат на истрагата што е обновена во САД, врз приватна пријава на роднина на една од жртвите во авионот, кои во најголем број беа Американци.
Шкотското обвинителство кое формално ја водеше истрагата за соборувањето на авионот, како и американското ФБИ, побараа од властите во Либија да им се дозволи да ги сослушаат двајцата новосомничени.
За нив се вели дека сега се наоѓаат на либиска територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Снег во јуни: На патиштата сообраќајот е отежнат (видео)
-
Шкотска ги забрани пластичните стапчиња за чистење уши
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода


