| четврток, 6 декември 2018 |

Во Берлин уапсен терорист „руски имам“

Berlin-police (1)Германската полиција денеска соопшти дека во Берлин уапсил 30-годишен „руски имам“, кој е осомничен за тероризам.

Како што јавија германските медиуми, осомничениот имам Гаџимурад К., по потекло од руската кавкаска Република Дагестан, се товари дека се обидувал преку интернет да регрутира борци за групата Исламска држава и да набaвува опрема за потребите на џихадистите во Сирија.

Уапсениот, кој бил познат под името Мурат К., бил имам во една џамија во центарот на Берлин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top