| четврток, 6 декември 2018 |

Друловиќ ја напушта Македонија, ќе биде нов тренер на Партизан?

Ljubinko-Drulovic-int139-1

Љубинко Друловиќ ќе биде нов тренер на Партизан, јавува како ексклузивна вест српскиот медиум „Политика“. Информацијата се уште не е потврдена, но варијантата е сосема можна. Партизан веќе го смени тренерот Милинковиќ, па сигурно ќе има нов кормилар, а Друловиќ нема важечки договор со ФФМ, да ја предводи македонската репрезентација, бидејќи истиот му заврши со последниот меч од квалификациите за ЕП 2016.

Од ФФМ најавија дека ќе се обидат да ја продолжат соработката со српскиот стратег, но дали Друловиќ ќе остане или веќе ја прифатил понудата на Партизан ќе се знае наскоро.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top