| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто всушност ги грицкаме ноктите?

Дали и вие ги грицкате ноктите или заноктиците? Ако мислите дека тоа е поради нервоза, не сте во право. Еве што е вистинската причина…

profimedia-0001574754-620x350

Грицкањето нокти е репетитивно однесување слично на играњето со прамен од косата или гризење на заноктиците. Меѓутоа, оваа навика нема никаква врска со напади на нервоза или тешкотија, туку со нешто многу поедноставно.

Имено, спроведено е истражување врз 100 лица кои се склони кон грицкање нокти. Испитаниците се ставени во различни ситуации кои во нив требало да предизвикаат различни чувства, како стрес, опуштеност и досада.

За кај нив да предизвикаат мачнина и негативни чувства, научниците на испитаниците им пуштале кратки филмови со авионски несреќи и природни катастрофи, но и опуштени снимки со природа и животни. Ниедна од наведените ситуации не ги навела испитаниците на грицкање нокти.

Меѓутоа, кога им дале задачи кои биле најавени како едноставни, но всушност се покажале како прилично тешки, скоро сите испитаници додека размислувале и се вратиле на својата грда навика. Истата ситуација се случила кога ги оставиле во просторија сами, без никакви звуци и интеракција..

Научниците заклучиле дека причина за тоа е перфекционизмот. Имено, во моментот кога лицата склони кон грицкање нокти потонат во длабоки мисли, со желба да решат некој проблем или задача, репетитивното однесување излегува на површина. Истата реакција кај нив ја предизвикала и досадата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top