| четврток, 6 декември 2018 |

Мајкрософт наскоро ќе е небитен на пазарот

MНе така одамна Мајкрософт беше неприкосновен крал на технологиите. Контролираше околу 90 проценти од пазарот со оперативни системи. Според извештајот кој го објави Гартнер, проджбата на уреди со Андроид оперативни системи ќе ја намали побарувачката на Виндоус ПиСи и на телефоните. Продажбата на Ејпеловите Ајфон и Ајпад ќе биде на ист степен како и продажбата на уреди со Мајкрософт ОС.

„Мајкрософт може да стане потполно ирелевантен на пазарот за три до четири години, бидејќи не може да се бори со надоаѓањето на смартфони и таблети“, вели Хенри Блоџет од „Дејли Тикер“. Гартнер предвидува дека о 2017 бројот на таблети, мобилни телфони и ултрамодерни уреди ќе надмине 2,7 милијарди единици, што е 10 пати повеќе од десктоп и ноутбук компјутери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top