| четврток, 6 декември 2018 |

Карачиќ повикува на помирување: Комити да не му свират на Манасков

vardar-germanci-17

Игор Карачиќ повторно беше во свој препознатлив елемент во новата победа на Вардар во Лигата на шампионите, но очигледно и кај него како и кај сите симпатизери на „црвено-црните“ пречи квагата меѓу „Комити“ и Дејан Манасков.

Комити не сакаат да му ги заборават навредливите изјави на крилниот ракометар додека тој беше член на Металург, а Манасков нема намера да се извини, па непотребната војна меѓу двете страни продолжува. „Комити“ истакнаа свои пароли против Манасков и на денешнито меч против Рајн Некар Левен и со свирежи го поздравија неговото појавување на теренот пред мечот. Манасков не ги отпоздрави по завршувањето на дуелот, што остава темна дамка на целата славеничка атмосфера во таборот на лидерот во Ц групата во ЛШ.

vardar-germanci-3

„Искрено се радувам на враќањето на Комити на трибините, со нив и без нив не е исто, но сакам да престане извиркувањето и навредите кон Манасков. Тоа не води никаде. Се надевам дека ќе се најде компромис и ќе дишиме сите како едно семејство“, рече Карачиќ.

Искрена желба на вистински спортсмен, па сега останува на двете страни да најдат решение за проблемот што остава грд впечаток на мечевите на Вардар, екипа што гази во ЛШ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top