Можно е да се наметне потреба силите на НАТО да останат подолго во Авганистан од планираното, изјави денеска во Брисел германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен.
– Одлуката за тоа во основа ќе зависи од состојбата на теренот- нагласи Лајен по пристигнувањето на средбата на министрите за одбрана на НАТО, што денеска се одржува во Брисел.
Таа нагалси дека и покрај тоа што авганистанските сили успеаја да ги потиснат талибанските бунтовници од Кундуз и да ја повратат контролата над градот, сепак се поставува прашањето дали тие ќе бидат способни да се справат со опасноста од талибанците по повлекувањето на силите на меѓународната коалиција од Авганистан.
– Траба да видиме колкав напредок е поситгнат и дали ќе биде потребно да останеме подолго (во Авганистан) – додаде Лајен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток



