Ракометниот клуб Загреб не го заборави својот некогашен капитен, Кирил Лазаров, и испрати убава честитка до нашиот ракометен ас преку клупскиот профил на „Фејсбук“ профил. Викендов што измина Лазаров го постигна илјадитиот гол во Лигата на шампионите, подвиг што е историски и изгледа нестварно. Од тие илјада погодоци во дресот на РК Загреб, Лазаров постигна точно 328.
„Уште еднаш да му се поклониме длабоко на големиот Кирил Лазаров и да му честитаме на неверојатното остварување. Чест ни е и нам што нашиот Киро стаса до илјада погодоци и само да потсетиме дека 328 од нив се во дресот на нашиот клуб РК Загреб. Уште еднаш наклон до под за кралот на стрелците, Кирил Лазаров“, пишува на статусот на РК Загреб на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.