Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, заедно со кандидатот за градоначалник на општина Куманово, Зоран Ѓоргиевски, денеска ја посети куќата на македонскиот народен херој Христијан Тодоровски-Карпош, објект кој е споменик на културата од 1976 година.

– Ја посетивме родната спомен-куќа на македонскиот народен херој Карпош во кој е сместена постојана историска поставка од НОБ. Поставката е од особено значење бидејќи содржи разни документи, оружје, фотографии и други експонати од овој период – истакна Канческа-Милевска.
Министерството за култура годинава издвои средства за целосно преуредување на музејот, како и за збогатување на историската поставка со нови фотографии, документи и историски предмети-експонати.

– Со тоа на дело ја покажуваме грижата за зачувување на спомениците на културата од овој историски период на нашата држава. Верувам дека со новата поставка ќе дадеме должна почит кон минатото и кон сите оние што ги дадоа своите животи за ние да можеме да ја живееме сегашноста – рече Канческа-Милевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


