
Средовечен скопјанец со години се обидувал да изнуди пари од скопски адвокат, и тоа цели 20.000 евра, за да си купи стан. Адвокатот го пријавил во полицијата, која пак му дала обележани 300 евра со кои рекетарот бил фатен на дело.
СВР Скопје соопшти дека до скопското обвинителство поднеле кривична пријава за Д.Х.Н. (55) од Скопје заради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело – изнуда, предвидено и казниво по член 258 од Кривичниот законик на РМ.
Пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист, во вторникот, околу 12.15 часот, во адвокатската канцеларија на оштетениот Ж.Б. (45), со упатување на сериозни закани дека ќе го убие него и фамилијата, го присилил да му даде 300 евра. Од страна на истражен судија на пријавениот му е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена.
Имено, пријавениот Д.Х.Н. во периодот од 2009/2013 година повеќе пати од мобилен телефон му се јавувал на оштетениот, а при тоа често и одел во неговата адвокатска канцеларија и со закани по неговиот живот и животот на неговата фамилија му барал околу 20.000 евра, кои средства му биле потребни за купување стан. Откако оштетниот повеќе пати во наведениот период му кажувал на пријавениот дека не сака да му даде пари бидејќи не му должи, на што Д.Х.Н. раеволтиран продолжил и натаму да му се заканува за неговиот живот и животите на неговата фамилија.
Од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, по извршеното кривично дело, пријавениот е лишен од слобода и приведен во ПС Кисела Вода. При извршениот преглед кај истиот се пронајдени 300 евра (три) банкноти во апоени од по 100 евра, што претходно биле крим-технички обработени како и нож на расклопување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Антонио Апостолски, адвокат на Мијалков: Недозволиво е странката да не е известена дека за неа се бара мерка притвор
-
Мајка му умрела од рак, адвокат од Србија го тужи НАТО поради употреба на бомби со осиромашен ураниум
-
Полицаец пријавил дека некој вршел рекет во негово име
-
Ќе го скрши и најтврдото срце: Последното збогум за Мишо од Сања и Лара!


