| четврток, 6 декември 2018 |

Што би направил секој хороскопски знак кога би можел да го врати времето?

Секој барем еднаш во животот посакал да скокне во времеплов и да ги направи работите поинаку

horoskop vremeplov

ОВЕН

Кога имплусивниот Овен би можел да го врати времето, не би ја пуштил толку лесно да му избега љубовта од својата младост. Би бил помалку тврдоглав и би се согласил на компромис. Што се однесува до семејството, повеќе би се посветил на децата и би поминувал повеќе време со нив дома, а не да брка кариера. На работа би го работел само тоа што го сака, би се одважил да почне свој бизнис и да биде сам свој газда.

БИК

Доколку сентименталниот Бик би имал шанса да има времеплов, би се вратил во времето кога му било важно да заработува пари и да купува работи. Повеќе би се посветил на саканата личност, би бил помалку посесивен и повеќе прилагодлив на потребите на саканата личност. И тој би започнал сопствен бизнис уште во млади години, најверојатно би се занимавал со трговија на накит.

БЛИЗНАЦИ

Кога би можеле да скокнат во минатото, Близнакот би ги исправил некој работи за кој се каел, а на прво место би биле емотивните односи. На време би го сфатил нивното значење и не би се плашеле од врзувањето со своето љубовно гнездо. Би се потрудиле да бидат малку дискретни, подобро да ги чуваат тајните и јазикот да не им биде побрз од паметот.

РАК

Разгалениот Рак, кога би можел да се врати во минатото, веројатно би се потрудил денес да нема глобално затоплување, ниту опасност од тоа да откаже видео-надзорот, за да не се загрижува нежниот Рак и се и сешто да му паѓа на памет. Помалку би паничел, помалку би плачел, но затоа на работниот план би бил многу амбициозен.

ЛАВ

Лавот од корен би ги уништил своите стравови и хронични тегоби или слабости и би бил позадоволен од својот живот. Порано би сфатил како да го контролира своето его и суета која му има многу наштетено  во животот. Би сфатил  дека покажувањето  на своите вистински емоции кон другите не е знак на слабост, туку сила и тоа би се изразило позитивно на пријателските и љубовните односи.

ДЕВИЦА

Тоа би било неповторливо искуство за Девица, кога би можела да ѕирне во минатото и да поработи малку на некои детали. Тогаш би сфатила дека треба да си исполни свои желби, би купила брод, ќе заплови и повеќе за ништо нема да се нервира.

ВАГА

Кога би можела да се врати назад, емотивната и воздржана Вага ќе си го организира својот живот така што  помалку ќе страда поради љубовта, а повеќе ќе се сврти кон кариерата. На работа би била одлучна, нема да ги избегнува конфликтите и секому би го кажала тоа што го мисли. Ќе се однесува повеќе во склад со моментот на чувствата, а помалку ќе глуми дека и е убаво, а не и е.

ШКОРПИЈА

Таа ако може да се врати ќе биде лудо вљубена. Шкорпијата ќе сфати дека љубомората е бескорисно трошење на енергија. Нема да се нервира, помалку ќе биде егоистична и ќе има повеќе време за другите. Би работела на своите таленти и ќе се занимава со уметност, наместо да биде ориентирана кон парите.

СТРЕЛЕЦ

Полетниот Стрелец би можел многу работи да измени доколку му се укаже можност да се врати неколку години назад. Како прво уште како млади ќе почне да се занимава со свој бизнис во кој би пристапил многу сериозно. На време ќе почне да штеди, но да штеди и нерви. Како и Вагата и тој не би избегнувал конфликти и секому ќе му каже што мисли. Во љубовта ќе биде поотворен и внимателен кон партнерот.

ЈАРЕЦ

Кога строгиот Јарец би се вратил назад, најпрво би се ослободил од комплексите на ниска вредност. Движечка сила во работата за Јарецот би биле неговите вредности, а не комплекси кои го прогонуваат од минатото и го тераат да гази преку мртви за да напредува. Ќе се ослободи од влијанието од таткото, а би бил многу отворен во покажување на емоции.

ВОДОЛИЈА

Доколку ексцентричната Водолија се врати во минатото, ќе сфати дека треба да биде пореална. Нема да изиграва Калимеро кој постојано вика „нема правда“, нема да се бори за тоа на сите да им биде добро и на крај да го извлече подебелиот крај, а наместо тоа би се фокусирала на својата работа наместо на меѓучовечките односи. Во љубовта би била повеќе прилагодлива и спремна да жртвува од своето слободно време за личноста која ја сака. Ќе поминува повеќе време со семејството, наместо по кафулиња и ресторани.

РИБИ

Кога би можеле да го вратат времето назад, Рибите би сакале да бидат подарежливи и смирени, но и да влијаат на луѓето кои ќе бидат важни во нивниот живот. Во потрага за љубов и партнер нема да бараат влакно во јајцето и нема да бидат ситничари. Ќе се обидат да стојат цврсто на земја, а не да лутаат секој час во својот свет на соништа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top