| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на Милан Калиниќ: Сообраќајката ме смени од корен

milan-kalinik-plav
Популарниот актер и водител на „Пинкови ѕвезди“, Милан Калиниќ, во почетокот на годинава предизвика сообраќајна несреќа поминувајќи на црвено светло, како што пренесуваа српските медиуми, пришто неговиот автомобил удри унгарско возило во кое полесно беа повредени тројца патници. Милан досега не зборуваше по тој повод, иако медиумите пишуваа сè и сешто за него, дека бил во алкохолизирана состојба, дека врескал и лудувал во болницата, дека патниците во другото возило се сериозно повредени… Во ексклузивното интервју за svet.rs, шармантниот водител искрено зборува што се случило тој несреќен ден…
„За мене медиумите пишуваа безброј невистини. Дека сум бил пијан, дека сум дивеел, дека сум направил прекршоци, дека сум врескал во болницата, сум напаѓал…“.

*А дали ти придонесе за тоа?

„А како тоа јас сум придонел? Бев претставен како убиец, дивјак, манијак, лудак… Сите велат дека тоа можело секому да му се случи, но кон мене не се однесуваа така.“

*Но те снимија дека поминуваш на црвено, гледав на телевизија…

„Па дали поминав на црвено или на жолто? На ниедно црвено не поминав. Луѓето прашуваат зошто не сум во затвор кога имам досије. Какво досије? Сите ми велеа: Зошто, бре, не отидеш и не ги кренеш новинарите во воздух? И токму тогаш сфатив дека медиумите не можат да ми наштетат. Народот знае сè, а медиумите се толку многу таблоидни и неинформирани, толку многу лажат и тоа што го објавуваат нема никаква тежина… За два дена сè беше заборавено.“

*Дали се чувствуваше виновен поради несреќата?

“Никој не праша во какви односи сум со Унгарците и тие со мене. Во ниедна секунда никој од нив, а ги имаше десетина роднински поврзани, не ме погледна попреку, сите имаа разбирање. Јас бев подготвен на секоја нивна реакција, но ја немаше. Сфатија како се чувствувам, не ме гледаа како лудак.“

*Дали се добро?

„Ма, да, во контакт сме. Човекот немаше ни гребаница, но бидејќи е инвалид, го задржаа во болница за да му ја следат ситуацијата. Двете жени имаа полесни гребаници… Тоа беше несреќен случај“, вели Милан во интервјуто за svet.rs.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top