Хартиените марамчиња се се попопуларни помошници во модерните домаќинства. Практични се и само треба да скинете онолкав дел колку што ви треба да пребришете и потоа да го фрлите во кантата за отпадоци.
Но, сепак не треба секогаш да се фатите за хартиените марамчиња, во прилог ви нудиме листа на предмети кои можете да ги оштетите ако ги чистите на овој начин.
Очила
Ако ги бришете очилата со хартиено марамче можете да го изгребете заштитниот слој на стаклото. Затоа бришете ги со меката крпа која сте ја добиле во комплет со очилата или некој друг нежен материјал.
Дрвен мебел
И правта и хартиените марамчиња имаат абразивни својства што значи дека со бришење на правта со овие марамчиња на дрвената површина може да се случи да останат гребнатини.
Хартиените марамчиња се прегруби за овие чувствителни површини кои најдобро е да се чистат со мека крпа навлажнета со средство за чистење дрвени површини.
Електронски уреди
Грубата текстура на хартиените марамчиња може да ги оштети и овие деликатни уреди (тука мислиме на нивните екрани). Најдобро е да ги бришете или со крпа од микрофибер или со влажни антибактериски марамчиња.
Тепих
Ако се обидете да ја исчистите дамката од тепихот со хартиено марамче, тоа ќе се искине и ќе се залепи на влакната од тепихот, со што ќе ви отвори повеќе работа.
Темен материјал
Како и кај тепихот така и кај црните материјали (облека), односно темните ткаенини воопшто, хартиените марамчиња ќе остават трага која ќе се залепи за материјалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



