Во редовите на исламистичките групи во Сирија и Ирак се борат околу 30.000 лица од целиот свет, меѓу кои и најмалку 250 Американци, се наведува во извештај на американскиот Конгрес, објавен денеска.
Во Извештајот, изработен од Комитетот за внатрешна безбедност на американскиот Претставнички дом, се оценува дека Вашингтон нема добра стратегија во справување со проблемот со регрутација на странските борци од страна на исламистите и се препорачува „подобра размена“ на разузнавачки податоци, како во рамките на САД, така и на глобално ниво.
Во документот се наведува и дека во споредба со претходниот ваков извештај од минатата година, бројот на борци во редовите на исламистичките групи, е речиси двојно поголем.
– Сведоци сме на најголемо глобално здружување на џихадистите во исотријата, се истакнува во извештајот, при што се додава дека американските власти не успеале да ги спречат поголемиот број од Американците кои имале намера да им се приклучат на исламистите.
Во извештајот се упатуваат критки и на сметка на повеќе странски влади, пред се европски, бидејќи, како што оценува Комитетот, не презеле соодветни мерки, како што е откривање на патниците кои се наоѓаат на листите на потенцијални терористи или препознавање на фалсификуваните патни исправи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



