| четврток, 6 декември 2018 |

Лажната лекарка од Кавадарци била почитувана од колегите и омилена кај пациентите

Дваесет и се­дум­го­диш­на­та Љубица К., која со фалсификувани документи се вработила како лекарка во Здравствениот дом во Кавадарци, не само што била многу почитувана од колегите, туку имала многу љубезен однос со пациентите поради што тие многу ја засакале. Измамата на младата кавадарчанка беше откриена пред неколку дена од страна на здравствен инспектор. Лекар од Брзата помош во Кавадарци за весникот „Вест“ вели дека сите вработени биле запрепастени од откритието, особено поради тоа што девојката дејствувала многу искусно во работата.

– Си­те што работиме во Брзата помош сме запрепастени бидејќи мис­лев­ме дека вакви работи се случуваат само на филм. Нашата лажна ко­леш­ка многу ја почитувавме и воопшто не се посомневавме дека со по­мош на фалсификувани документи се здобила со титулата лекар. Но, таа не нѐ наведе на никаков сомнеж бидејќи се однесуваше ис­кус­но, но и посебно трпеливо со пациентите. Беше љубезна како ретко кој и сите имавме високо мислење за неа. Бидејќи беше релативно но­ва во нашиот тим, искусен лекар работеше заедно со неа, односно како и сите лекари почетници, и таа беше под постојан надзор на постар ко­ле­га. Сепак, и таа прегледуваше пациенти, даваше дијагнози, пре­пи­шу­ва­ше терапии. Досега не се случи да имаме какви било поплаки од па­ци­ен­ти­те или, пак, од колегите во врска со нејзината работа, рас­ка­жува доктор од Брзата помош за „Вест“.

Љубица К. ги измамила менаџерите од Здравствениот дом така што при­ло­жи­ла фалсификувано уверение за положени испити со висок просек од Ме­ди­цин­ски­от факултет во Скопје и лиценца на Лекарската комора, заверени кај нотар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top