| четврток, 6 декември 2018 |

Нова политичка партија – Движење за реформи (ДПА)

Движењето за реформи – ДПА е запишана како политичка партија во Основниот суд во Тетово.

На прес-конференција во Тетово законскиот застапник и адвокат на Движењето за реформи – ДПА Абедин Абдули информира дека денеска е испратено решението за објавување во Службен весник на Република Македонија од каде по поминувањето на законскиот рок очекуваат новата партија да биде регистрирана во Единствениот регистар на политички партии во Основед суд Скопје 2.

Движењето за реформи – ДПА произлезе од ДПА раководена од Мендух Тачи откако струшкиот градоначалник Зијадин Села со неговите истомисленици се одвоија од ДПА. Откако нивните обиди за добивање на правото за користење на постојните симболи и името на ДПА не беа прифатени од надлежните органи тие започнаат со процесот на регистрација на нов политички субјект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top