Индиската астрологија значително се разликува од западната астрологија, која се базира на тропскиот хороскоп и се користи во Европа, Америка, Австралија и поголемиот дел од Африка, односно тоа е астрологијата која е најпозната на нашите простори.
Источната Хинду астрологија, пак, за своја основа го користи ѕвездениот хороскоп.
Овен, во индиски хороскоп – Mesha (15 април – 15 мај)
Владетел на овој знак е Марс. Духот на сонцето желен за внимание во Овенот сака да биде прв во се, оригинален пронаоѓач на нови идеи, иницијатор и освојувач. Во знакот во кој владее амбициозниот и борбен Марс, може да биде себичен до крајност, но и до крајност искрен. Во добар аспект брилијантен херојски витез, 100% ориентиран на победа во војни или спорт.
Подзнак Овен: Ова се многу активни луѓе, атлетски градени, природно ориентирани на успех поради развиениот натпреварувачки дух, емоционално силно поврзани за мајката, машките воглавно имаат многу убави жени и среќен брак, но во него имаат доминација и заштитничка улога. Во кариерата ги очекуваат препреки, кои преку систематска работа можат да се надминат.
Бик, во индиски хороскоп, Vrishabha (16ти мај – 15ти јуни)
Владетел на овој знак е Венера. Духот на сонцето сака да биде во сверата на материјалното богатство, сензуалната убавина, друштвена хармонија и сензуални задоволства. Конформист и склон на пороците во потрага по задоволства, собирач на „богатства“, талентиран за финансии.
Подзнак Бик: Ова се многу втемелени и практични особи, врзани за Земјата. Ментално се врзани за создавање на богатство и пари, но среќата на таа тема може да биде превртлива. Имаат многу интелегентни деца, но поради тоа што се стално во некоја работа опседнати со пари, во состојба се да ги запостават. Бракот во овој случај почнува од страст, а покасно станува оптеретување и компромиси, затоа што нема прав заеднички живот.
Близнаци, во индиски хороскоп Mithuna (16 јуни – 15 јули)
Владетел на овој знак е Меркур. Духот на сонцето сака да биде во центарот на комуникацијата, дебатите, размената на мислења. Сонцето во Меркуровиот знак добива талент на остроумни јавни личности, политичари или идеолози кои со своите наративи успеваат да уверат за исправноста на своите убедувања. Ментално фокусирана и секогаш вработена личност, со убава надворешност.
Подзнак Близнаци: Овие луѓе сакаат да одат во десет различни правци и во сите десет да успеат. Мајката акумулира многу богатство, но се финансиски подложни на подеми и падови. Комуникацијата е одлична, успешни во масовните медии. Како партнер е многу филозофски и идеалистички настроен, но без страст. Дисциплиниран и долг живот.
Рак, во индиски хороскоп Kataka (16 јуни – 15 август)
Владетел на овој знак е Месечината. Духот на сонцето сака да биде во центарот ритмичното вкоренето семејно опкружување, во амбиентот на грижата за дома, семејството и потомството.
Подзнак Рак: На овие луѓе семејството им е најважно, и вредноста која ја стекнале во семејството од кое потекнуваат. Многу е важен авторитетот на таткото, и тие често ја наследуваат кариерата на своите татковци. Сакаат да имаат голем и убаво уреден стан и во состојба се да работат напорно за да го стекнат. Према децата имаат длабоки и заштитнички чувства. Бракот во нивните случаи доаѓа покасно, обично мажите се венчаат со постари жени, а жените со многу постари мажи поради чувството на сигурност кое им го овозможуваат. Во работата се борци, а успехот кај нив си доаѓа со времето.
Лав, во индиски хороскоп Simha (16 август – 15 септември)
Владетел на овој знак е Сонцето. Дугот на сонцето одлично се осеќа во центарот на политичките случувања, драмските напнатости, игри, глума и спорт. Сите во овој знак се се креативни или пбар по малку креативни индивидуалци. Самодовербата им расте со должината на аплаузот. Кралски и харизматичен, добар глумец. Тежнеат кон високо друштво, мразат гужви.
Подзнак Лав: Ова се многу поносни и самоуверени особи, кои се родени да доминираат и да го насочуваат вниманието кон себе. Не зборуваат многу, додека не ги испровоцираат. Многу се заштитнички ориентирани према својот дом и врзани се со својата мајка. Имаат многу непријатели во животот. Бракот може да биде врзан за работата или заснован на интереси. Нивните принципи се доста силни и се екстремни застапници на идеите во кои веруваат.
Девица, во индиски хороскоп Kanya (16 септември – 15 октомври)
Владетел на оваа планета е Меркур. Духот на сонцето во неутралната Девица е таму каде што се кризите и конфликтите, експлоатацијата, сиромаштијата, болести, илегални активности и сите врсти на социјални и хемиски загадувања. Добри за лекари. Мајстори за критички мислења.
Подзнак Девица: Ова се критички настроени луѓе према себе и другите, водат сметка за деталите, опседнати се со хигиената и сакаат се да е на свое место. Секогаш се во потрага по баланс во животот. Можат да бидат одлични писатели затоа што знаат да ја пренесат својата мисла низ напишани зборови. Имаат филозофски однос со семејството, еден од родителите е многу образован или религиозен. Во брачниот живот тежнеат кон особи кои личат на нивните мајки или татковци. Поврзани се за пријателите повеќе одколку што се поврзани со семејството.
Вага, во индиски хороскоп Tula (16 октомври – 15 ноември)
Владетел на овој знак е Венера. Духот на сонцето сака да биде во центарот на случувањата, сколпување врски и сојузи, брачни и други договор. Не е погодна положбата на сонцето и бара многу компромиси, затоа што Сонцето е фатено во стапицата на Венера како владетел на хармонични човечки односи. Љубомора.
Подзнак Вага: Овие луѓе сакаат баланс и хармонија во сите области од животот, имаат вкус и талент за уметност, архитектура, ентериер… Во родителската куќа научиле да живеат под строги правила. Заинтересирани се за окултното и за мистериите на животот и смртта, а постојат и тајни поврзани со семејството што не сакаат да им ги откриваат на другите. Успешни се во работа која вклучува потреба од грижа према други лица, како на пример медицината.
Скорпија, во индиски хороскоп Vrisciha (16 ноември – 15 декември)
Владетел на овој знак е Марс. Духот на Сонцето сака да биде во центарот на мистериите, разоткривање на околутното, во центарот на катастрофалните и нагли промени. Има телент во откривање на тајни. Одлични војници и генерали, имаат таков став. Самоуверени, интуитивни и многу активни, склони на манипулации при постигнување на целите. Лесно ги контролираат другите и оставаат силен впечаток.
Подзнак Скорпија: За овие луѓе целта ги оправдува средствата. Во младоста сакаат го прават тоа што им е забрането, некогаш и деструктивни работи за себе. Родени се во семејство на интелектуалци, и можно е да наследат богатство низ бизнис и шпекулации. Можат да постигнат голем успех во образованието. Имаат привлечни брачни партнери и многу се страстни и посесивни.
Стрелец, во индиски хороскоп Dhanus (16 декември – 14 јануари)
Владетел на овој знак е Јупитер. Духот на Сонцето е во хуманистичката филозофија, во подобрите случаи достигнуваат високо ниво на свест. Учители, проповедници и луѓе кои имаат посебен поглед кон светот, бараат нешто во кое може да се верува дека ги решава сите проблеми во животот. Воглавно играат позитивна улога и служат како пример за другите.
Подзнак Стрелец: Првата карактеристика е дека веруваат во виша сила и правиот пат кој треба да го следат. Доаѓаат од традиционални семејства, каде вредносниот ситем е цврсто одреден во раната фаза од животот и останува така засекогаш. Влагаат во брак на време и нивниот брачен партнер е со млад дух и интелекутално љубопитен. Овие луѓе се добри судии и правници, затоа што имаат развиен осет за правда.
Јарец, во индиски хороскоп Makara (15 јануари – 14 февруари)
Владетел на овој знак е Сатурн. Духот на сонцето бара да управува со социјалните структури и институции, да спроведува закони и да бирократира, или да иам бар една ефикасна точка во нив. Нивното однесување е дисциплинирано, друштвено се коректни и за нив се подразбира напорна работа. Тие се многу добри организатори, но не допуштаат отстапување од правилата и вообичајната рутина на своето опкружување. Многу материјален и недуховен тип.
Подзнак Јарец: Патато од комплекси на ниски вредности и секогаш пазат да не направат нешто погрешно. Сакаат да управуваат со компании и да владеат во сенка. Бараат партнери што ќе се гиржат за нив како нивната мајка. За разлика од знакот, многу се религиозни и имаат развиен духовен живот.
Водолија, во индиски хороскоп Kumbha (15 февруари – 14 март)
Владетел со овој знак е Сатурн. Духот на сонцето овде пати поради недостаток на својот типичен егоцентризам. Сонцето овде е дел од широка пазарна мрежа и интереси без вистински втемелувања. Затоа и ова Сонце се смета за “неморално“, затоа што на таа мрежа нема никакви ограничувања, а ни индивидуална одговорност. Тие можат да направат многу за своето друштво, но сепак многу малку за себе. Одлични се во сите работи врзани со компјутери, како технички така и концептуално.
Подзнак Водолија: Сакаат да знаат како функционираат работите, се интересираат за сите теми, можат да бидат добри научници и астролози. Се осеќаат како да се запоставени во своето семејство. Брачните партнери се важни порати авторитетот, но поради успехот во кариерата.
Риби, во индиски хороскоп Mina (15 март – 14 април)
Владетел на овој знак е Јупитер. Духот на Сонцето сака да биде во сверата на натприродното и медидативното опкужување. Сонцето копнее за друг свет и сака да биде „видовито“. Не е оптеретено со ограничувањето на времето и се чини дека нема врска со стварноста. Ова Сонце избегава да биде во центарот на вниманието, ја избегава гужвата и суетата на овој свет, се повлекува во мир и тишина, повеќе го привлекува изолирани и оддалечени места, кадешто и често наоѓаат среќа.
Подзнак Риби: Спиритуални и добри соговорници. Во школо мора да имаат емоционална врска со они со кои учат, затоа што во спротивно губат интерес. Добри се писатели и новелисти. Имаат реалистични партнери кои им помагаат да се снајдат во практичниот живот. Успешни се во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


