Белгиската влада неделава започна кампања на социјалната мрежа „Фејсбук“ со цел да ги убеди Ирачаните, кои тргнале кон Белгија, дека тоа е бесмислено, јавува БТА.
Државниот секретар за азил и миграција Тео Франкен изјави дека рекламите на „Фејсбук“ ќе бидат насочени главно кон жители на Багдад. Таа мерка е преземена, откако во изминатиот период речиси половина од поднесените барања за азил во Белгија се од мажи на возраст меѓу 25 и 45 години, што доаѓаат од главниот град на Ирак.
Рекламите ќе содржат информации дека таквите кандидати за азил ретко добиваат дозвола за престој. Белгиската влада има за цел да објасни дека пристигнувањето во земјата и поднесувањето на документи не е доволно за добивање на азилантски статус.
Според Франкен најмногу шанси за добивање на статус на бегалци се жителите на Сирија, особено семејства со мали деца. Минатата недела лидерот на белгиските националисти Барт де Вевер, од чија партија е Франкен, изјави дека во Багдада нема војна и соодветно на тоа Ирачаните немаат шанса да добијат заштита во Белгија.
Вчера околу 13 илјади луѓе излегоа на протестен марш во Брисел за заштита на мигрантите. Тие се заложија за пристојни усливи за барателите на азил, како и мерки против појавите на расизам и ксенофобија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.