Вкупно 22 изведувачи, по 11 од двете полуфинални вечери, настапија вчеравечер на финалето на Фолк фест „Валандово“.

Првата награда од 10 000 евра отиде во рацете на Душко Ѓорѓиевски за песната „Свири ми виолино“.

„Дојране“ е песната која на Горан Куќич му го донесе второто место и паричната награда од 7500 евра. Веднаш зад него се најде Сања Петковска Сани која настапи со „Нема со кого рани да залечам“. Атрактивната пејачка освои парична награда од 5000 евра, но таа исто така ја доби и наградата Најдобар дебитант, што и’ донесе дополнителни 1000 евра.

За најдобар сценски настап пак, со 1000 евра беа наградени Ирена Спасовска и групата Скопски Броеми.
Фото: Канал 77
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


