| четврток, 6 декември 2018 |

„Авалон продукција“ ги најави концертите на Морисеј и на „Апокалиптика“ во Скопје

„Авалон продукција“ го најави исклучителниот музички настан „Ултимејт мјузик викенд“, со два големи концерта што ќе се одржат на 16 и на 17 октомври: на легендарниот Морисеј и на светската атракција „Апокалиптика“, во Скопје.

Ова е навистина ретка можност за македонските обожаватели и за оние низ целиот Балкан, да бидат дел од ваков несекојдневен настан, на концертите на фронтменот на легендарните „Смитс“, кој важи за еден од најголемите музичари на сите времиња и кој за прв пат ќе настапи во Скопје, како и на експлозивната светска метал-атракција „Апокалиптика“.

Morrissey

Стивен Патрик Морисеј со легендарните „Смитс““ сними четири култни албуми, кои денес се наоѓаат во сите можни музички енциклопедии, додека со неговите десет соло-албуми, тој секогаш е на врвот на сите музички топ-листи. Речиси три децении по „Смитс“, неговиот последен студиски албум „World peace is none of your bussines“, предизвика толку голем интерес во светски рамки, што еден од највлијателните музички магазини „Њу мјузикал експрес“ објави специјален број посветен на Морисеј и го прогласи за уметник што има најдобра и најдостоинствена кариера од сите кои предходно имале бенд.

Интензивниот, гласен и експлозивен метал- бенд од Финска доаѓа во рамки на светската турнеја на која го промовираат актуелниот албум „Shadowmaker“.

Осмиот студиски албум на групата е објавен е на 17 април и содржи 10 нови песни и за прв пат го вклучува вокалот Френки Перез со бендот настапува во живо на оваа турнеја.

apocalyptica

Влегувањето на Perez во „Апокалиптика“ претставува значеаен чекор за бендот. За прв пат имаат само еден вокал на цел албум што на песните му дава цврст и препознатлив звук различен од претходните албуми.

Oва е второ гостување на „Апокалиптика“ во Скопје, по настапот во 2006 година на скопското лизгалиште, исто така во организација на „Авалон продукција“, кога сѐ уште не беа толку глобално популарни. „Авалон продукција“ е организатор на концертот на „Апокалиптика“ и ден претходно во Белград.

plakat

Билетите за концертот на Морисеј се приспособени според македонските стандарди, по цена 1000 денари за партер, 1200 денари за трибина и 1500 денари за фан-пит (само 500 влезници), и можат да се набават преку продажната мрежа Купи карти за се за Македонија и глобалната мрежа Евентим за сите фанови на Морисеј од целиот регион.

Билетите за „Апокалиптика“, пак, се по цени од 700 денари за партер и 900 денари за трибина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top