| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто жените стареат побрзо од мажите?

stareenje

Познато е дека девојчињата побрзо растат од момчињата. Побрзо проодуваат, прозборуваат.

Годините не се гледаат исто кај мажитe и кај жените.

1. Хормонски промени

И мажите и жените доживуваат некои сексуални промени во текот на годините. Причина за тие промени се хормоните. Жените околу 50-тата година влегуваат во менопауза. Во тој период жените ја губат плодноста, престанува менструалниот циклус и јајчниците престануваат со поризводство на хормонот естроген. Овој процес го следат некои симптоми како: замор, топлотни бранови, вагинална сувост и пониско либидо.

Кај мажите, стареењето не носи нагли промени како кај жените. Кај нив таа промена е постепена. Нивото на хормонот тестостерон кај нив опаѓа со текот на времето, во просек за еден процент секоја година по 30-тата година од животот. Сниженото ниво на тестостерон може да причини еректилна дисфункција, пониско либидо, па дури и промени во спиењето. Овој процес кај мажите се нарекува андропауза. За разлика од менопаузата, кога жената престанува да биде плодна, мажите во андропауза сè уште можат да бидат репродуктивни, бидејќи и понатаму создаваат сперма.

2. Промена во тежината

Вистинска борба е одржувањето на тежината и за мажите и за жените, посебно по 30-тата година од животот кога постепено доаѓа до губење на мускулната маса. Но, мажите и жените сосема различно добиваат на тежина.

3. Подобар квалитет на кожата

Кожата на мажите е помалку подложна на знаците на стареење. Нивото на машкиот хормон всушност ја прави кожата подебела за околу 25 проценти. Мажите имаат и поголема густина на колаген, погруба текстура и поголема влажност на кожата, бидејќи повеќе се потат и имаат повеќе млечни киселини во потта.

И мажите и жените го губат колагенот по 30-тата со исто темпо, но по менопаузата кај жените тоа се забрзува, додека машката кожа старее постепено.

4. Губење на косата

Со текот на годините и мажите и жените ја губат косата. Степенот на губење на косата зависи од нивото на хормоните и од наследниот фактор. Половина од мажите ја губат коса околу 40-тата година. Од друга страна, пак, жените ретко страдаат од ќелавост.

Најчесто кај жените доаѓа до изретчување на косата и промена на нејзиниот квалитет, но не и до целосна ќелавост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top