| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска почна „Октоберфест“ во Минхен

Популарниот Фестивал на пивото,„Октоберфест“ започна денеска во германскиот град Минхен со традиционалното отворање на првото буре од страна на минхенскиот градоначалник Дитер Рајтер.

Како што јави ДПА, на Рајтер годинава му беа потребни два удари да го отвори бурето, од кое првата кригла беше наточена за баварскиот премиер Хорст Зехофер. За споредна, лани бурето „попушти“ дури по четвртиот удар на Рајтер.

Фестивалот ќе трае до 4 октомври и се очекува годинава да привлече околку шест милиони туристи.

Штандовите на „Терезиен Визе“ се прполни, а уште од пред изгрејсонце почнаа да се создаваат првите редици на љубителите на пивото. Кригла од еден литар пиво чини од 10 до 10,40 евра.

Првиот „Октобер фест“ се одржал на 12 октомври 1810 година по повод свадбата на принцот Лидвиг фон Вителзбах, идниот баварски крал Лудвиг Први, и принцезата Терезија фон Саксон-Хилдбургхаузен. Од 1810 година, па досега „Октоберфест“ не се одржал само во 22 години, кога бил откажан поради епидемии, војни или поради економската криза и хиперинфлацијата во 20-те години на минатиот век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top