| четврток, 6 декември 2018 |

Србија пред тешка одлука – да го промени ставот за 96 часа или да заборави на датум за преговори

Србија ја упропастува шансата да добие датум за преговори со ЕУ до 1 јули поради вчерашната одлука на српската делегација да ги напушти преговорите со Приштина во Брисел кои се водат под покровителство на високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон.

Ештон соопшти дека веќе нема да има нови состаноци, но за секој случај даде рок од неколку дена во кој Србија и Косово треба да ја известат дека го прифаќаат тоа за што било разговарано вчера. Пораката се однесува особено на Белград кој треба да донесе тешка одлука дали ќе го промени ставот или ќе се збогува со датум за преговори со ЕУ.

По враќањето во Белград, српскиот премиер Ивица Дачиќ и неговиот заменик Александар Вучиќ имале итен состанок со претседателот Томислав Николиќ.

Оваа рунда преговори ги надмина сите наши негативни очекувања и ситуацијата сега е многу тешка. Следните денови државниот врв мора да донесе некои исклучително тешки одлуки за Косово, соопштил Марко Ѓуриќ, советник на претседателот на Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top