Најголемото изненадување во досегашниот дел од сезоната во Првата македонса фудбалска лига, екипата на Младост Царев Двор, продолжува со одличните партии и на гостувањето кај Брагалница се врати со целиот плен од три бода и ја продолжи низата на три едноподруго победи.
Денеска Младост иако прими два гола, успеа да слави со 3-2 и задоволен да се врати дома. Голеадата на дуелот почна уште во првото полувреме кога Благојче Марковски веќе во 11. минута ги донесе гостите до водство. Во 35. минута израмни Стефан Коцев, за да пред полувремето, во 44. минута, Наум Вељановски повторно го доведе Младост Царев Двор до предност од 1-2.
Во вториот дел Брегалница повторно успеа да го израмни резултатот на 2-2 со голот на Ангел Нацев во 67 минута, но Младост ЦД со вториот гол на Марковски дојде до значајните три бода.
По овој триумф, Младост ЦД се проби на третото место на табелата со 12 бода, од шест натпревари (го очекува и одложениот дуел со Работнички), веднаш зад Вардар и Шкендија.
ПРВА ЛИГА – 7. КОЛО:
Брегалница – Младост ЦД 2-3 (1-2)
УТРЕ (15:30 ч): Работнички – Шкендија, Ренова – Вардар, Хоризонт Т. – Металург, Силекс – Шкупи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



