| четврток, 6 декември 2018 |

Во Велес ќе се промовира книгата „Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров

Во Народната библиотека во Велес, вечерва во 19 часот ќе биде промовирана книгата „Календар на годините што поминале“ од Трајче Кацаров, издание на „Дијалог“ од Скопје.

За книгата ќе говори Христо Петрески, а промоцијата е замислена и како авторска средба на авторот со читателите од градот Велес.

Станува збор за есеи и колумни од авторот кои главно тематски мотивски се поврзани и посветени на книжевноста и театарот. Повеќето од колумните и есеите се публикувани во македонската периодика, но има и дел кои за првпат се објавени во книгата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top