| четврток, 6 декември 2018 |

Бесата убила 6000 луѓе во Албанија

noz krv

Во Албанија, во последните 22 години, односно по падот на комунизмот убиени се 6.000 лица поради крвна одмазда.

Во своите домови се затворени и се заштитуваат да не бидат ликвидирани 10.000 семејства. Ова, според весникот „Шекули“, стои во последниот извештај на Народниот правобранител на Албанија. Најголем број од убиствата поради крвна одмазда се извршени во Тирана, каде мигрирале голем број семејства од повеќе делови на Албанија со цел да ја избегнат крвната одмазда. Убиените се на возраст од 21 до 37 години и меѓу нив има и жени и деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top