| четврток, 6 декември 2018 |

Нè чека долго топло лето

Од 12 најтопли години за кои постои евиденција, 11 биле во овој век. Со просечна температура за 0,54 степени поголема од долготодишниот просек, 2011 била досега најтопла

Ова лето ќе биде најтоплото лето во годините што се паметат. Глобалната температура во наредната година ќе биде за 0,57 степени над долгогодишниот просек од 14 Целзиусови степени. Се прогнозира дека 2013 година ќе биде една од десетте најтопли години од 1850 година и потопла отколку 2012 година. Британската Метеоролошка служба вели дека оваа прогноза се базира на нивните истражувања, како и на истражувањата објавени на Универзитетот „Ист Англија“, американскиот Годаров инситут и Националната океанска и атмосферска служба во САД.

– Растечката темепаратура би можеле да бидат последица на природните промени на климата, но и на глобалното затоплување поради зголеменото емитување во атмосферата на гасови со ефект на стаклена градина – вели британскиот прогнозер Дејв Бритон, кој додава дека и зголемена глобалната просечна температура не значи дека во сите региони в година ќе биде потопла отколку оваа.

Од 12 најтопли години за кои постои евиденција, 11 биле во овој век. Со просечна температура за 0,54 степени поголема од долготодишниот просек, 2011 година била досега најтопла, додека тековната година е на деветото место со просечна температура од 0,45 Целзиусови степени над повеќегодишниот просек.

Многу научници за порастот на температурата ги обвинуваат луѓето, односно претераното емитувањет во атмосферата гасови со ефект на стаклена градина, кои настануваат од согорувањето на фосилните горива. Тие предупредуваат дека продолжувањето на ваквиот тренд би можело да доведе до пораст на нивото на морињата и екстремни временски пригоди.
Според податоците на Меѓународната агенција за енергија, глобалната емисија на јаглен диоксид достигна рекорд во 2011 година, а најголем емитер била Кина.

Островските земји на светот кои имаат низок релјев, како и други држави чувствителни на пораст на нивото на морињата, поплавите и ураганите, вршат притисок врз развиени земји да ги намалат емисиите на штетни гасови и да не дозволат во текот на овој век просечната глобална температура да се зголеми за повеќе од два Целзиусови степена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top