| четврток, 6 декември 2018 |

Лажна интернет смрт на легендарниот Дел Бој

Во веста која со брзина на светлината се прошири по социјалните мрежи се наведува дека во 75-та година од животот од срцев удар почина глумецот Дејвид Џејсон.

c02c16f0029624313814e004fcca616e1469fa90

Легенардиот Дел Бој, ѕвездата на серијата „Мучки“, е најновата жртва на Интернет измама откако со лажен напис беше прогласен за мртов.

Во измамничкиот текст се наведува дека Дејвид починал во 75-та година од последици на срцев удар.

Интересно е дека веднаш по отворањето на веста на Интернет место сликата на Дејвид се појавува трол што укажува на тоа дека вест е лажна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top