Превентивни мерки за заштита од сезонски грип ќе бидат воведени во сите училишта во Македонија. По препорака од Комисијата за грип при Министерството за здравство, Министерството за образование веќе ги презема првите чекори, пред самиот почеток на второто полугодие, во понеделник, 21 јануари. Засега се евидентирани двајца заболени од свински грип, кои што се наоѓаат на инфективната клиника. Според надлежните бројката заболени годинава е драстично помала од минатите години. Од сезонскиот грип, периодов се заболени над 1000 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


