| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Расте предноста на Сириза пред Нова демократија

grcija izboriКоалицијата на радикалната левица (Сириза) има пет проценти предност пред Нова демократија (НД), покажува последната анкета на јавното мислење во пресрет на вонредните парламентарни избори во Грција закажани за 20 септември, што денеска ја објави грчкиот „Весник на уредниците“.

Според анкетата, спроведена од 7 до 9 септември од страна на „Про Дата“, Сириза е прва со поддршка од 28,5 отсто од гласачите, по што следат НД со 23,5 отсто, Златна зора со 6,5 отсто, ПАСОК со 4,5 проценти, Потами со четири отсто, Сојузот на центристите со 3,5 проценти и Национално единство и Независни Грци со по 2,5 проценти. Неопределени се 17,5 проценти од Грците. На прашањето кого сметаат дека е посоодветен за премиер, 37 отсто од испитаниците го преферираат Алексис Ципрас, а 25 отсто се за Евангелос Меимаракис. Сепак, дури 25 отсто од Грците сметаат дека никој не е погоден за функцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top